ММС

Објавено на: 10/9/21 1:02 PM

Италијанец крадел во Скопје, па го признал делото и го објаснил начинот на крадење

МВР информира дека Италијанец направил кражба во Скопје, па си го признал делото и го објаснил начинот на крадење.

-Вчера полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода во Казнено-поправната установа „Идризово“ е извршен службен разговор со И.Р.(31) од Италија, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 09.09.2020 на паркинг на ул.„Христо Татарчев“ извршил кривично дело „тешка кражба“. И.Р. во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1