ММС

Објавено на: 10/9/21 12:28 PM

Новиот Закон за работни односи нема да биде на штета на работниците, рече министерката Шахпаска

Минситерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска денес во простоиите на Канал77 учествуваше на состанокот „Гласен текстилец“ и на новинарско прашање во однос на работничките права, кои до 2017 година беа скратени 60 пати, дали во новиот закон за работни односи ќе ги анулираат грешките. Беше наведен пример во Штип, каде по тие закони е направена неправда кон работниците.

-Новиот системски закон за работни односи, прв после 2004 година,  детално ги има разработено  деловите во кои постоеле можности деловите кои биле заобиколени на штета на работниците. Сакам да кажам дека работниците во министерството за труд и социјална политика и во мене имаат партнер и заеднички работиме во решавање на сите заеднички предизвици, рече министерката.

На состанокот беше речено и дека со новиот закон за работни односи договорите за определени време може да бидат само до една година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1