ММС

Објавено на: 10/8/21 7:31 PM

Обид за внес на фалсификувани милион евра на скопскиот аеродром – Уапсени две лица од Камерун

Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, дознаваме МИА од извори на истрагата.

Според извори на МИА, тие во Скопје допатувале од Милано.

Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1