ММС

Објавено на: 10/8/21 6:27 PM

Ми рече, зошто не живееме повеќе со тато, не знам како ќе ја излечам таа рана на син ми – Адел после пет години прозборе за разводот

Британската пејачка Адел ги даде своите први интервјуа за Вог по пет години и отворено зборуваше за нејзините врски, разводот и како гледа на светот сега.

Адел (33) е првата личност во историјата што се појави во октомврискиот број на американското и британското списание Вог.

„Морам да се подготвам повторно да бидам славна, а познато е дека тоа не ми се допаѓа“, рече таа.

Пејачката го опиша новиот албум како еден вид пат од самоуништување до самоиздигнување и дека пишувањето песни го искористила за да разбере која е сега и му објаснила на нејзиниот син Анџел (9), кого го дели со нејзиниот поранешен сопруг Симон Конеки (46).

– Кога наполнив 30 години, целиот мој живот се распадна, без никакво предупредување. Бев бедна и не бев среќна. Никој од нас не направи ништо лошо. Не се повредивме или нешто слично. Само сакав мојот син да види како сакам и како сум сакана. Тоа ми беше многу важно. Го напуштив тој брак и оттогаш ја барав мојата среќа.

Таа раскажа како и’ било „многу непријатно“ по разводот.

– Луѓето беа насекаде, се обидуваа да создадат приказни и да откријат нешто, што го мразев. Ми беше многу непријатно, бидејќи не успеав во бракот – рече таа.

Таа призна дека најтешкото нешто за неа во разводот било што не може јасно да одговори на прашањата на нејзиниот син како „зошто да не живееме повеќе со тато“.

– Преку овој албум, сакав да му објаснам, некаде во иднина, зошто му го сменив целиот живот со цел да ја пронајдам среќата. Порано беше навистина несреќен поради тоа и не знам дали некогаш ќе успеам да ја залечам таа рана – искрена била Адел.

И покрај се’, таа го смета Симон за „совршена личност“ за родител на своето дете. Тие го делат старателството над Анџел и се’ уште се пријатели, особено затоа што имаат куќи една спроти друга во Лос Анџелес.

Адел изјави дека по разводот се обидела да започне нова романтична врска, но дека и’ било тешко додека не започнала врска со Рич на почетокот на оваа година, со кого била пријатели долго време. Таа го опишува Рич како „прекрасен, смешен и многу паметен“ и рече дека тие се „среќни заедно“.

Одев на состаноци, но дотичните мажи го мразеа тоа. Беше премногу стресно за нив, не се чувствуваа пријатно кога некој ги виде со мене … Но, тоа воопшто не го лути моето ново момче. Тој е доволно конзистентен и внимателен, така што воопшто не ми е грижа кој знае за нас – рекла таа.

Во мај оваа година, таткото на Адел, Марк Еванс почина од последици од ракот. Иако медиумите тврдеа дека пејачката и Еванс останале во лоши односи, таа тоа го негира.

– Знам дека ме сака и успеавме да се помириме пред да почине. Му го пуштив мојот нов албум преку Zoom. Мојот развод ми помогна да го разберам подобро – рекла таа.

Иако ретко беше во јавност во последните пет години, Адел шокираше многумина кога пред две години изгуби драстични 45 килограми.

– Луѓето зборуваат за моето тело во последните 12 години, зборуваа пред да ослабам. Но, не ми е грижа. Не го споделив секој чекор затоа што го правев тоа за себе. Не ми е интересно тоа. Тоа е моето тело – објасни Адел.

Таа вели дека е лута што се користи како мамка за разни диети, особено што губењето на тежината не било нејзина цел.

– Сакав да станам посилна. Мислев, ако сум физички силна, би можела да бидам и психички силна. Не разбирам зошто е толку шокантно – рече таа.

– Разбирам дека многу жени беа повредени. Визуелно застапував многу жени. Но, јас се’ уште сум истата личност. Најлошите коментари за моето тело ги дадоа жените, а тоа длабоко ме разочара и ме повреди – заклучи таа.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1