ММС

Објавено на: 10/8/21 4:42 PM

Пријавени се осум починати пациенти, 386 нови случаи со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Mинистерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.791 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 205, Куманово – 25, Битола – 18, Велес и Штип – по 16, Крива Паланка – 15, Струмица – 11, Охрид – 10, Тетово и Прилеп – по 9, Свети Николе – 8, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Кавадраци и Радовиш – по 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица од кои пет од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г), по едно од Куманово (84г), Кавадарци (62г) и Македонски Брод (53г). Од пријавените лица седум се починати во болнички услови, а еден е во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од: Скопје – 313, Куманово – 37, Штип – 22, Кавадарци – 18, Велес – 15, Битола и Струмица – по 13, Тетово и Прилеп – по 12, Охрид – 9, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 7, Кочани – 6, Гевгелија – 5, Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен – по 4, Виница, Гостивар, Струга и Дебар – по 3, Крушево – 2, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Дополнително, согласно регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште осум починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година. Регистрирани се пет лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, четири се починати во болнички услови, а четири во домашни услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1