ММС

Објавено на: 10/8/21 3:32 PM

Му го заплениле „ламбурџинито“ само неколку часа откако го купил

Полицијата во Данска запленила луксузен спортски автомобил откако регистрирала дека неговиот сопственик вози пребрзо. Настанот се случил неколку часа откако тој го купил автомобилот. Возачот кој е државјанин на Ирска, а живее во Норвешка, купил Ламбурџини во Германија за околу 270 илјади евра, а фатен е како го вози автомобилот со 236 километри на час, на автопат каде што дозволената брзина е 130 километри на час.

Според данскиот закон, полицијата има право да заплени возило и да го понуди на аукција, а потоа парите се префрлаат во државната каса.

Возачот бил фатен додека се враќал од Германија во Норвешка. Полицаецот кој го запрел возилото изјавил дека сопственикот бил „малку нервозен“ кога му го заплениле автомобилот. Сопственикот на автомобилот ќе биде и парично казнет поради пребрзото возење.

фото: Илустрација /    Obi Onyeador

Извор:  rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1