ММС

Објавено на: 10/8/21 3:12 PM

Полицаец од Штип во станица истепал малолетник, додека бил испрашуван од колега – МВР поднесе кривична

МВР информираше дека поднело кривична пријава за малтретирање во вршење на служба.

-Одделот за внатрешна контрола,  криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против А.М., вработен во СВР Штип, поради основано сомнение дека  сторил кривично дело ,,Малтретирање во вршење на служба,, по член 143 од КЗ на РСМ. На  29.09.2021 околу 21 часот во просториите на ПСОН Штип пријавениот полициски службеник делото го сторил на начин што неповикано влегол во просторијата на полициската станица каде од друг полициски службеник било обезбедувано, повикано малолетно лице и го удрил малолетникот кој се здобил со повреди. Била повикана итна медицинска помош која ги констатирала повредите и му пружила медицинска помош. Против полицискиот службеник поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1