ММС

Објавено на: 10/8/21 2:52 PM

Новиот албум ќе му помогне на син ми да сфати зошто се разведов – изјави Адел

Британската пејачка Адел изјави дека го снимала новиот албум за да му помогне на својот деветгодишен син да разбере зошто се развеле со татко му.

„Сакав да му помогнам низ овој албум, кога ќе виде во дваесеттите или своите триесетти години, да сфати која сум јас и зошто своеволно избрав да тргнам во потрага по сопствената среќа“, изјави Адел, пренесува Би-Би-Си.

Додаде дека во некои моменти нејзиниот син бил многу несреќен и дека тоа на неа оставило последици од кои не знае дали ќе се опорави. Адел се подготвува да го објави четвртиот студиски албум кој ќе се вика „30“, по бројот на години колку што имаше кога се омажи за долгогодишниот партнер Сајмон со кој годинава се разведоа.

„Тогаш целиот живот ми се распадна без никакво претходно предупредување“, нагласи таа.

 

Извор:  rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1