ММС

Објавено на: 10/8/21 12:31 PM

Извршителите заработиле најмногу, а има граѓани кои оствариле приход од само 162 евра годишно – УЈП ги соопшти податоците за 2020 година

Највисокиот износ од самостојно вршење дејност во Македонија за 2020 година изнесува 73,5 милиони денари, а во десетте топ рангирани се наоѓаат адвокати, нотари, извршители, угостители, електроинсталатори и производители на амбалажи од хартија.

За годината што измина, календарската 2020 година, УЈП изготви  и достави годишна даночна пријава за 769.794 граѓани.  Искажаниот годишен бруто доход за 2020 изнесува 331.146.120.469 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во висина од 19.607.095.073 денари.

“Граѓаните преку корисничките профили имаа можност да ја пополнат или пријават до 31 мај. Оние пријави кои не беа променети, или потврдени од граѓаните, автомаски беа потврдени од Управата за јавни приходи. Автоматски или службено ГДП биле потврдени вкупно 593.375, 37.294 пријави биле потврдени од граѓаните, а има 1.832 коригирани годишни даночни пријави.  За 40.021 браѓанин е утврден бруто доход над еден милион денари, додека најголемиот број на граѓани, односно за 616.024 лица оствариле бруто приход кој се движи во прагот од 100.000 до еден милион денари“, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Таа објасни дека во 2020 година е зголемен бројот на граѓани кај врвните прагови, односно 11 граѓани оствариле приход над 100.000.000 денари, а 557 граѓани оствариле приход помеѓу 10.000.000 денари и 100 милиони денари.  Од 10.000 денари до 100.000 денари за една година оствариле 78.665 граѓани, а има и 34.516 граѓани кои оствариле приход до 10.000 денари.

“Тетовец е со највисок доход од игри на среќа кој добил бруто 40 милиони денари, Скопјанец има највисока пензија кој пријавил странска пензија од 5,8 милиони денари на годишно ниво, најмладиот милионер има седум години со остварени 1.016.947 денари, а највозрасниот милионер има 96 години и остварил доход од 4.570.535 денари.  Граѓанин од Тетово доброволно го пријавил својот доход од 247,7 милиони денари кои ги заработил од компании кои работат со социјални, видео и мрежни интернет платформи“, додаде Лукаревска.

Скопјанка е на врвот на листата и таа остварила бруто годишен приход од 453.110.019 денари и овој бруто доход е двојно поголем од највискиот бруто доход во 2019 година.

Највисоката годишна бруто плата е исплатена на граѓанин од Струга. Платата е исплатена во секторот со метали и изнесува 105,2 милиони денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се платите во секторот здравство, аптеки, одгледување добиток, трговија со тутун и игри на среќа.

Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 63,2 милиони денари на годишно ниво за привремено извршени услуги главно кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Највисоката капитална добивка 151,6 милиони денари ја остварил скопјанец од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда во износ од 306,3 милиони денари е исплатена на граѓанин на Скопје кој е сопственик на бизнис припаѓа на дејноста со трговија со моторни возила.

Лицата со највисок доход од дивиденди, од капитална добивка, од самостојно вршење на дејност, од доход од закуп и подзакуп, највисок доход од абторски права и од права на индустриска сопственост се од Скопје, додека ресенчанец остварил највисок доход од продажба на сопствени земјоделски производи. Лице со највисок доход од осигурување е од Тетово (6,2 милиони денари).

 

 

О.К.

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1