ММС

Објавено на: 10/8/21 12:11 PM

Сите книжари лично ќе ги пријавам во МВР, се закани министерката Царовска

На новинарско прашање до министерката за образование Мила Царовска, на кого мисли кога зборува за бесправно копирање книги, дали на случајот во Штип од почетокот на годината или има и други нови контроли таа рече:

-Истиот одговор од вчера останува и денес. Сите детектирани случаи на комерцијално пуштање во употреба на бесплатни учебници ќе биде спроведено до надлежните институции, рече Царовска а во врска со тестирањето на учениците додаде:

-Истиот одговор од вчера важи и денес. Инсититуциите соработуваат, МОН заедно со МЗ и Комисијата и во моментот кога ќе има информации кои треба да бидат споделени   со јавноста ќе бидат изнесени, рече таа, но не кажа дали ќе поне од понеделник.

Царовска  вчера рече дека би ја пријавила во МВР секоја книжарница која продава комплет учебници за четврто одделение.

– Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во МВР како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување,  изјави вчера Царовска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1