ММС

Објавено на: 10/8/21 11:46 AM

Депресијата во младоста води до деменција

Младите луѓе донекаде се заштитени од деменција, но може да се случи и обратното: ако сте депресивни во младоста, вашите шанси за деменција растат со текот на годините – покажува нова студија објавена во списанието “Journal of Alzheimer’s Disease“. Истражувањата кои биле направени на Калифорнискиот универзитет, односно на Одделението за психијатрија и бихејвиорална наула во Сан Франциско, покажале дека што поголеми се симптомите на депресија, толку е пониско нивото на способност за осознавање.

Повозрасните луѓе за кои се проценува дека имале умерени или високи симптоми на депресија во раната младост покажале пад на когнитивните способности во текот на десет години – истакнала Вила Бреновиќ, истражувач од Калифорнискиот универзитет.

Истражувачите развиле статистички модел за предвидување на просечниот „лак“ на депресија меѓу 15.000 учесници во студијата на возраст од 20 до 89 години.

Се покажало дека во групата од околу 6000 повозрасни луѓе веројатноста за когнитивно оштетување била за седум проценти повисока кај оние кои имале симптоми на депресија во раната младост и  за 45 отсто повисока за оние кои развиле симптоми на депресија подоцна во животот.

„Неколку механизми објаснуваат на кој начин депресијата би можела да го заголеми ризикот од деменција. Меѓу нив е и тоа што хиперактивноста на централниот систем за одговор на стресот го зголемува лачењето на хормонот на стрес, што доведува до оштетување на хипокампусот, делот од мозокот неопходен за формирање, организирање и чување нови спомени“, истакна Бреновиќ.

Исто така таа додаде дека други студии ја поврзуваат депресијата со намалување на хипокампусот. Умерените или високите депресивни симптоми се откриени кај 13 проценти од младите луѓе, кај 26 проценти од возрасните на средовечна возраст и кај 34 проценти од постарите учесници во студијата.

„Според истражувањата, околу 20 проценти од популацијата во текот на животот добива симптоми на депресија, а важно е да се препознаае нејзината улога во процесот на стареење“, навела докторката Кристин Џеф.

 

Извор:  rtv.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1