ММС

Објавено на: 10/8/21 12:48 PM

„Џонсон Мети“ со 68,6 милиони евра добивка во 2020 е компанијата бр.1 во земјава

Рari.com.mk во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, ја претстави листата „100 Најголеми“ компании по добивка во Македонија за 2020-та година.
Проектот „100 Најголеми“ содржи три категории – најголеми компании по приходи, добивка и број на вработени. Целта на проектот „100 Најголеми“ е да придонесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.
Исто така, овој показател овозможува поголема препознатливост и промоција на компаниите кои ќе го искористат правото да се стекнат со сертификатот „Аналитика 100“ на Аналитика Медиум (сопственик на порталот Пари), а со тоа пренесуваат информација дека припаѓаат во групата на најзначајни компании во Македонија.
На првата позиција лани (како и во 2019 година), според остварена добивка е „Џонсон Мети“ со 4,220,178,721 денари (68,6 милиони евра), на второ е ЦМК „Европа“ со остварена добивка од 1,917,211,865 денари, на трето е „Либерти“ со 1,868,582,651, на четврто е ЕВН Македонија со 1,816,909,433, на петто место е Македонски Телеком со добивка од 1,727,372,805, на шесто е Цементарница УСЈЕ со 1,523,203,857, на седмо е Рудник САСА- Македонска Каменица со 1,500,803,140, на осмо е „Алкалоид“ со 1,142,650,910 денари, на деветто е ГМ-ТРЕЈД Илија и др.- Кавадарци со 926,998,536 денари и на десеттата позиција е рангиран „Бучим“- Радовиш со добивка од 817,318,587 денари во минатата година.
Најголем „скок“ на позицијата има компанијата „Либерти“ , која лани била на третото место, а во 2019 дури на 339 позиција.

Извор: pari.com.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1