ММС

Објавено на: 10/8/21 7:40 AM

Доделена главната награда од наградната игра Happy Visa Викенд на Шпаркасе Банка во соработка со VISA

Денес пред седиштето на Шпаркасе Банка беше доделена главната награда од наградната игра „Happy Visa викенд“ – автомобилот KIA SPORTAGE. Во текот на наградната игра, која започна од 6 август и траеше сè до 24 септември, беа доделени вкупно 70 ваучери за викенд патување за двајца во земјата, а како главна награда беше доделен автомобилот, кој му припадна на Виктор Неделкоски од Тетово.

Право на учество имаа сите полнолетни физички лица – корисници на дебитните и кредитните картички VISA издадени од Шпаркасе Банка, кои за времетраењето на наградната игра направија трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари.

Во наградната игра беа вклучени сите трансакции направени од корисникот на картичката и/или од корисниците на дополнителните картички, на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа.

Им честитаме на сите добитници и им посакуваме да уживаат во наградите и секако да останат верни корисници на услугите на Банката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1