ММС

Објавено на: 10/7/21 5:10 PM

„Падна во кома и не се разбуди, му откажаа бубрезите“ – Во Германија почина фолк пејачот Васил Атанасов, познат по хитот „Кој не раздели“

Утрово во Германија почина познатиот фолк пејач Васил Атанасов, кој на македонската јавност ќе остане запаметен по безвременскиот хит „Кој не раздели“. Веста за смртта на Васил ја објави сестра му Ленка на неговиот Фејсбук профил, која кажа дека тој веќе подолго време се борел со болестите, вчера паднал во кома, му откажале бубрезите и утрово во пет часот починал.

-На брат ми пред една години му  го оперираа вратот по што веќе не можеше да оди, функционираше во количка. Јас и мојта внука Аница не го оставивме сам. Потоа доби шекер, па од шекерот му се оштетија бубрезите. Веќе три недели лежеше во болница во Лудвигзбург, јас и Анкица постојано бевме со него, по три пати во денот одевме да го храниме, самиот не можеше ниту да јаде ниту да пие.  Синојка по вечерата брат ми падна во кома, а утрово во пет часот ни се јавија да ни кажат дека брат ми починал, му откажале бубрезите, рече Ленка и додаде:

-Нема да биде донесен во Македонија, ќе биде погребан тука Нека почива во мир и нека го пречекаат ангелите, напиша таа.

Васил по потекло е од Струмица, но долги години живееше и работеше во Германија.

Васил беше познат како голем љубител на фолкот. Учествуваше на многу фестивали, отпеја повеќе фолк песни, но остана и ќе остане запаметен по „Кој не раздели отпеана на фолк фест „Валандово“ далечната 1993 година.

„…Сите пеат, а јас тагувам, немам кому да се радувам. Мене песна не ме весели, проклет да е кој не раздели… Сите велат дека време лечи се, а јас патам уште повеќе…“ пееше тој во песната, за која велеше дека му го опеала животот.. Васил зад себе има еден пропаднат брак, од кој има син, со кој поради нарушени семејни односи не беше во добри односи. Таа тага тешко ја поднесуваше и со години на сите фестивалски дружби немаше момент а да не ја спомене таа разделба..


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1