ММС

Објавено на: 10/7/21 11:44 AM

Џафери му се извинил на Бислимовски за физичкиот напад, откри Бектеши

„Ги осудувам таквите случувања. Во разговор со Бислимовски разбрав дека веќе се извинувале оние што му го направиле тоа“, откри министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање за време на потпишувањето на Меморандумот за соработка со Националната платформа на жени претприемачи.

Тој не верува дека тоа ќе влијае врз односите во енергетиката. Не сака како министерство да им се меша во Регулаторната комисија за енергетика затоа што тие се независно регулаторно тело.

Запрашан дали недостатокот на енергенси ќе предизвика енергетска криза, Бектеши рече дека нема да има затоа што земјата ги зголемувала капацитетите.

– Во однос на јагленот тоа е отворена постапка од ЕСМ каде што сите заинтересирани страни ќе можат да се пријават. Тоа е во зависност од квалитетот на јагленот кој ќе биде понуден за што ќе одреди комисијата во ЕСМ.  Во моментот во нашата држава веќе се градат над 80 мегавати фотонапонски централи и уште толку ќе почнат да се градат следната година.  Стојам позади тоа дека нема да има енергетска криза во нашата земја затоа што работиме на зголемување на капацитетите на домашното производство за да ги задоволиме потребите сега во зимскиот период кога има зголемена потрошувачка – додаде тој.

 

О.К.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1