ММС

Објавено на: 10/7/21 11:26 AM

Не е точно дека ќе има 50% зголемување на цените, но ако треба ќе интервенираме , рече Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши вело дека не се точни предвидувањата дека до крајот на годинава цените на основните производи од потрошувачката кошница ќе се зголемат за 50%.

– Јавноста треба да знае дека не се зборува за 50% зголемување на цените. Ако во случај има некакви ценовни шокови, ние ќе реагираме законски и ќе интервенираме како лани за време на пандемијата. Согласно потрошувачката кошница ние ќе процениме кај кои производи треба да се интервенира, но тоа е само во случај на зголемување на цените.  Во консултација со стопанските комори, ако се случува тоа, веднаш ќе интервенираме – истакна министерот Бектеши во одговор на прашање по денешното потпишување меморандум за соработка со Националната платформа за женско претприемништво.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1