ММС

Објавено на: 10/7/21 11:00 AM

Жените и мажите работат исто, но не добиваат исти плати – Бизнисменките добија поддршка од Владата

„Чест ми е што заедно со Националната платформа на жени претприемачи го потпишуваме Меморандумот за соработка. Преку овој Меморандум како министерство за економија ќе воспоставиме соработка која има за цел економско јакнење на жените преку остварување на стратешките цели и имплементација на мерките и активностите за развој на женското претприемништво“, министерот Крешник Бектеши по потпишувањето на Меморандумот со Валентина Дисоска од Националната платформа за женско претприемништво.

Бектеши додаде дека откако беше усвоена стратегијата за женско претприемништво 2019-2023 година во склоп на КИП- програмата (конкурентност, иновации и претприемништво) лани од сите компании што добиле помош од Министерството за економија, над 52% од оние што го исполниле условите се во сопственост на жени.

– Според законските регулативи, немаме никакви пречки во однос на вработувањето. Но, на терен работните места се делат на женски и машки. Тоа е оној невидлив стаклен плафон во кој жената стигнува до одредено ниво на развојот, но никогаш не оди на највисоко ниво во компанијата. Од истражувањата се гледа дека има разлика од 17,2% во приватниот сектор помеѓу платите во корист на машкиот пол – додаде Дисоска.

 

О.К.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1