ММС

Објавено на: 10/7/21 9:30 AM

Над 500 граѓани во земјава се вакцинирале со трета доза против ковид

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2.513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374, а трета доза примиле 571 граѓанин. Педесет и три отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, стои во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1