ММС

Објавено на: 10/6/21 10:27 PM

Не е проблем колку јадете, туку на кој начин – Јапонците ја откриваат тајната на витката линија

Слабеењето е непресушна тема и проблем на голем број на луѓе, но Јапонците тврдат дека треба да се занемари непотребното броење на калории кои ги внесуваме и да се одречеме од омилените намирници. Бавниот внес на храна е клучот за губење на тежината, според една од поновите студии објавена во научното списание „BMJ Journal“.

Медицинските научници ги проучувале навиките за јадење на 60.000 луѓе и заклучиле дека оние луѓе кои јаделе побавно имале 42 проценти помал ризик да станат дебели, а луѓето кои јаделе со „нормална“ стапка имале 29 проценти помал ризик да станат дебели.

Во споредба со оние кои јаделе брзо, луѓето што јаделе полека имаа потесен струк за 0,21 до 0,41 проценти.

Покрај анализата на податоците, им биле поставени прашања за нивните навики во исхраната, дали јадат брзо, бавно или нормално, дали јадат пред спиење и каква храна јадат.

– Промените во навиките за јадење многу добро можат да влијаат на индексот на телесна маса. Побавното џвакање може да биде ефикасен начин да се спречи зголемување на телесната тежина и да се намалат здравствените ризици од дебелина, велат авторите на студијата.

Извор: Магазин.новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1