ММС

Објавено на: 10/6/21 8:29 PM

Од 1 јануари минималната плата ќе биде 300, а просечната 500 евра, вети Заев

„Ние не ги делиме општините на големи и мали, важни и неважни, ниту ги делиме луѓето на „големи и мали –  важни и неважни“, и тоа го покажавме на дело, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва од Свети Николе.

„Земјоделците ни се важни, работниците ни се важни, ги покачивме платите и ги мотивиравме компаниите да ги зголемуваат платите, а државата ги плаќа придонесите“, порача Заев.

Тој истакна дека минималната плата е покачена од 9.000 на 15.000 денари, просечната плата изнесува 28.744 денари, сите плати за само 4 години се покачени за најмалку 100 евра, а истовремено стапката на невработеност падна на историски најниска стапка од 15,9 отсто.

„Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, минималната плата 300 евра“, порача Заев.

„Работиме оние кои немаат работа – да најдат работа, работиме за да овозможиме на младите да се вработат и да земаат убави плати, работиме за да овозможиме постојан раст на пензиите, кај кои од први јануари ќе има видливо покачување, големо“, порача Заев.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1