ММС

Објавено на: 10/6/21 8:03 PM

Ако спиете на лева страна, важно е да знаете една работа – Доктор објаснува која положба е најздрава

Позицијата во која спиеме може да ни каже многу. Експертите велат дека открива некои карактеристики на нашата личност, а кардиолозите предупредуваат дека може да го оштети здравјето на нашето срце. Дали е навистина важно дали спиеме на грб или на страна и како тоа може да влијае на состојбата на нашето тело?

Познато е дека спиењето на грб е најздраво. Дишните патишта се отворени, нема нагмечување на органи или кожа на лицето што предизвикува брчки. Точно, оваа позиција во голема мера придонесува за ‘рчење, па многумина ја избегнуваат.

Исто така, постои верување дека спиењето на левата страна е штетно за срцето. Сепак, рускиот лекар Александар Мјашников вели дека ова не е ништо друго освен заблуда. Според него, најздравата положба за спиење е онаа што е најудобна.

“На која страна ви е удобно, треба да спиете на таа страна. Дури и ако е левата страна”, вели докторот.

Тој посочува дека за да се зачува здравјето на кардиоваскуларниот систем, многу е поважно да се контролира нивото на холестерол, но и да се откажеме од лошите навики, да се намали телесната тежина во случај на дебелина и да се обезбеди на телото доволно спиење.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1