ММС

Објавено на: 10/6/21 2:02 PM

(ВИДЕО) Вдомување за среќна приказна – Целта на „Лајка“ за поттикнување на граѓаните да вдомуваат кучиња

Неодамна од ЈП Лајка информриаа дека таму се работи на два нови пристапни влезови, за се да биде поблиску до граѓаните, а тие да бидат поефикасни во третманот на бездомните кучиња.

Град Скопје е првиот град во регионот и пошироко со сопствено јавно претпријатие за улични животни. ЈП Лајка е многу повеќе од стационар, тоа веќе почна да се развива како место каде се пружаат различни услуги како вакцинација, чипирање, стерилизација, престојувалиште, социјализација, игралиште, посвојувалиште итн. Новиот објект на ЈП Лајка е уреден и опремен по сите светски стандарди, со подно греење, суви и чисти подови, енергетски ефикасни ѕидови, нова опремена ветеринарна амбуланта и канцелариски простор.

 

Последните податоци од ЈП Лајка односно до април оваа година велат дека во периодот од 14 -ти Октомври 2020 до 14 ти април 2021,  заловени биле 399 кучиња, 184 стерилизирани, 160 кастрирани, 2 угинати, 3 еутанизирани, 20 вратени на сопственици, 74 вдомени, 223 вратени на локација.

ЈП Лајка – Скопје е јавно претпријатие кое извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња. Работата на прифатилиштето се базира врз законска рамка со голем осврт на активности кои прифатилиштето ги воспоставува за поттикнување на одговорно сопствеништво кон домашните миленици. Со спроведување на програмата за работа на Лајка е првата алатка во синџирот за решавање на проблемот со бездомни кучиња и нивно вдомување за една среќна приказна со цел поттикнување на граѓаните да вдомуваат од прифатилиштето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1