ММС

Објавено на: 10/6/21 11:58 AM

(видео)Радев: 10.000 Македонци чекаат бугарски пасош

Бугарскиот претседател Румен Радев пред почетокот на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брдо, Словенија, појасни на што конкретно мисли бугарската власт, кога зборува за бугарско национално малцинство во Македонија. Радев очекува на завршениот Попис да ги види и македонските Бугари, нив 120.000 кои веќе имаат бугарски пасош. Таа бројка, според Радев е основа за барањето на измена на македонските Устав, каде Бугарите ќе бидат меѓу конститутивните етникуми.

-Во нашите регистри се впишани повеќе од 120.000 бугарски граѓани од Република Северна Македонија базирано на нивните изјави и објективниот документ за потекло и уште 10.000 чекаат за својот пасош, рече Радев.


Одговарајќи на новинарско прашање за тоа какви се шансите да се откочи процесот во билатералните односи со Македонија, кои ја заглавија интеграцијата на Македонија и Албанија со бугарското вети, Радев најави дека можно е на почетокот на ноември да се усолгаси билатерален протокол.

-Моментално работиме на 5+1 големи теми. Работиме на билатерален протокол, што ќе биде објавен на почеток на ноември, кој треба да го анализираме и да го потпишеме.  И ако бидеме задоволни со резултите – бидејќи мора да ги споредиме резултатите од платформата со Националната рамка на Договорот усвоена од бугарскиот Парламент и потоа треба да испорачаме временска рамка до Северна Македонија. И она на што инсистираме, сакаме да видеме мал амандан во македонскиот  Устав, Бугарите да се вклучат во суштинскиот дел од националностите, со реално објелктивни резултати за луѓето да можеат да национално да се израаат, одговори Радев.

видео:Europe by Satellite


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1