ММС

Објавено на: 10/6/21 8:46 AM

(Видео) „Абе остај ме мене, јас сум човек“ – Синот на Џефери го нападнал претседателот на Регулаторна, Бислимоски

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, вчера вечерта физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во вторникот доцна вечерта, пишува Дојче веле, а видеото може да го видите тука.

Очевидци на настанот велат дека Џафери седнал на масата на која се наоѓал Бислимоски во еден скопски ресторан и по неколку минутен разговор физички се пресметал со него.  Џафери најпрво барал објаснување од Бислимоски зошто Комисијата за енергетика започнала постапка за одземање на лиценцата на неговата фирма, а потоа и физички го нападнал. Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец, пишува Дојче веле.

Сведоци на настанот велат дека Џафери со својата придружба седел на соседната маса до Бислимоски и во текот на вечерта во неколку наврати го провоцирал, но тој не одговарал на провокациите. Потоа седнал до него на масата со објаснување дека сака да поразговара со него, но по неколку минути го нападнал. Џафери барал од Бислимоски да ја запре постапката против неговата фирма, а кога тој одбил, Џафери почнал да го удира по главата.

Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, но не успеала да го пронајде напаѓачот.

 

Извор: https://www.dw.com/mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1