ММС

Објавено на: 10/6/21 7:16 AM

Клик-бејт наслов наведува дека го знае датумот кога Македонија ќе стане дел од ЕУ

„Европски весник: Еве која година Македонија ќе стане дел од ЕУ“ е насловот на текстот во кој го наведува читателот да го отвори и продолжи да чита со очекување дека ќе одговори на важното прашање – кога С.Македонија ќе стане членка на ЕУ. Впрочем, на тоа укажува насловот со одговорот.„Еве која година…“. Наместо конкретен одговор, читателот го очекува историјат и кратка анализа за очекувањата на претстојниот Самитот во Словенија.

Текстот е скратена анализа од весникот Фајненшл тајмс, каде се пренесуваат неофицијални информации за текот на состанокот на амбасадорите во Брисел. На овој состанок, Словенија, како земја претседавач со ЕУ, предложила влез на земјите од Западен Балкан до крајот на деценијата. Тоа е единствениот „датум“ за кој зборува насловот на текстот.

Проширувањето е многу деликатно прашање за ЕУ, која е поделена околу потребата од проширување и брзината со која треба да им се дозволи на земјите да се приклучат на блокот“, пишува весникот, додавајќи дека Унијата е под притисок да ги продолжи преговорите за проширување со балканските земји, кои се вртат и кон поблиски врски со Кина и Русија“.

Понатаму текстот го цитира весникот, кој изнесува детали дека дипломатите кои сакаат пристапување на земјите од Западен Балкан,  „признаа дека поставувањето цврст рок е политички експлозивно прашање“.

Насловот манипулира и наведува, со цел добивање на кликови и поголема читаност. Темата за датумот за пристапување на С.Македонија и земјите од Западен Балкан се високо во интерес на јавноста и една од централните во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Словенија на 6-ти октомври.

Ова е и тема што наголемо се експлоатира и во тек на партиските митинзи, главно од опозицијата со цел да упати критики до власта за бавното интегрирање на земјата, и покрај тоа што станува збор за Локални избори.

Јасно е дека насловот е со цел да привлече читаност, а не  точно и сеопфатно да ја информира јавноста, што е во дефиницијата на еден новинарски труд.

 

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

                                                  

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1