ММС

Објавено на: 10/5/21 10:30 PM

(ВИДЕО) Се разведе и драстично ослабе – После шест години Адел се враќа на музичката сцена

Пејачката Адел се враќа на светската сцена по пауза од шест години Пејачката на Твитер објави најава за новиот сингл „Easy on me“ на Твитер, со што воодушеви бројни обожаватели низ целата планета.

Во црно-белото видео, триесет и тригодишната ѕвезда вметнува касета во плеерот во автомобилот што го вози, додека хартиите на кои се напишани белешките излегуваат низ прозорецот. Целата оваа објава ја заинтригираше јавноста, која со нетрпение очекува нови песни од пејачката.

Мистеријата околу нејзиното враќање беше поттикната од рекламите што се појавија на билбордите во најголемите светски метрополи, на кои имаше само број 30, што многумина го поврзуваа со наводното име на новиот албум на пејачката.

За време на музичката пауза, Адел се разведе и изгуби голем број килограми, што нејзините фанови ентузијастички го поздравија.

 

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1