ММС

Објавено на: 10/5/21 8:23 PM

Ноле размислува на балкански начин – Ибрахимовиќ се спореди себе си со Ѓоковиќ

Еден ден откако го прослави својот 40 -ти роденден на забава од Нада Топчагиќ, легендарниот фудбалер од Милано, Златан Ибрахимовиќ даде интервју во кое се спореди со најдобриот. Да, нема потреба од погодување – со Новак Ѓоковиќ.

– Кога Ноле почнува да се лути, го дава својот максимум. Така е и со мене. Тој е совршен спортист. Со искуство и годините, човек расте ментално. Ноле е како мене, размислува на балкански начин. Кога експлодирате, се оди добро. Кога сте лути, давате се од себе, станувате поконцентрирани и повнимателни – посочи Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот со босанско потекло честопати потврдуваше дека е голем обожавател на српскиот тенисер, и секогаш кога имаше можност, навиваше од трибините на српскиот ас.

Извор: Србијаданас.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1