ММС

Објавено на: 10/5/21 7:15 PM

(ВИДЕО) Плачев два часа – Бритни Спирс со емотивна порака после големата победа

Бритни Спирс им се обрати на обожавателите за прв пат откако беше потврдено дека повеќе не е под старателство на нејзиниот татко.

Бритни објави кратко видео на Твитер и додаде дека „нема зборови“.

“Ова се случи поради вас, моите обожаватели и вашата упорност да ме ослободите од старателството на татко ми. Синоќа плачев два часа затоа што вие сте најдобрите обожаватели на светот”, напиша накратко поп -пејачката.

Да потсетиме, Џејми Спирс имаше старателство над Бритни 13 години, што значеше контрола на голем број финансиски и приватни работи.

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1