ММС

Објавено на: 10/5/21 4:44 PM

Тетовчанец кој изврши полов напад врз малолетничка доби притвор

Денеска судија во претходна постапка одреди мерка притвор за 69-годишник од Тетово како осомничен за кривично дело „полов напад врз дете“.

Тој вчеравечер беше лишен од слобода, затоа што околу 19:45 часот допирал по телото малолетничка од Тетово, негова сосетка.

-По лишувањето од слобода СВР Тетово поднесе кривична пријава до Обвинителството за основано сомнение дека сторил кривично дел по член 188 од Кривичниот законик. Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, по изготвена и поднесена кривична пријава му определил мерка притвор од 30 ден, информираат од СВР Тетово.

Тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа „Затвор Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1