ММС

Објавено на: 10/5/21 3:58 PM

Пристигна нова група од 97 граѓани од Авганистан на аеродромот во Скопје

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 97 граѓани од Авганистан кои се активисти на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ). Тие ќе бидат привремено сместени во Северна Македонија, додека не биде обезбеден трансфер до нивната крајна дестинација.

По слетувањето, на граѓаните од Авганистан им беше спроведена стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.

– Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот, соопшти владината прес-служба.

Трошоците за оваа група граѓани ќе бидат целосно покриени од НДИ.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1