ММС

Објавено на: 10/5/21 2:45 PM

Мицотакис нема намера да го руши Преспанскиот договор, независно од неговиот став порано, рече Пендаровски

Специјално за ММС од Атина, Орце Костов

Претседателот Стево Пендаровски на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис која се случи во рамките на неговата прва посета на Атина, добил ветување него дека Преспанскиот договор ќе го почитува и дека нема намера да го саботира и покрај неговите ставови во минатото.

–  Тој ќе го почитува Преспанскиот договор независно од ставовите порано што ги имал и нема намера да го руши. Разговаравме и за трите меморандуми кои не се ратификувани во грчкиот парламент, а произлегуваат од Преспанскиот договор. Тој ми рече дека се зависи од политичките констелации во парламентот и ме замоли за трпение. Вели, немаме ниту една политичка причина да го рушиме Преспанскиот договор, независно од мојот став кога се создаваше тој договор. И во првиот погоден политички момент ќе го поднесеме за ратификација. Нема никаква намера да се опструира договорот, но тоа зависи најмногу од внатрешната политичка динамика – истакна претседателот Пендаровски.

Неофицијално, премиерот Мицотакис има проблеми со двајца пратеници од своето мнозинство во парламентот, а без нив не може да се изгласаат меморандумите за соработка кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Македонскиот претседател му пренел на Мицотакис дека стручните Комисии кои работат на имплементација на Преспанскиот договор имале голем напредок.

– Комисијата за археолошки, историски и образовни прашања има голем напредок. Досега имала шест средби, а четири записници од четирите средби биле усвоени.

Притоа нема да има никаков проблем до крајот на годината да напредуваат поради изборите кај нас затоа што во овие комисии членуваат стручњаци – рече Пендаровски и додаде дека главниот проблем што грчката страна не ги променила сите собраќајни табли на автопатите било што дел од обрската било должност на општините.

 

 

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1