ММС

Објавено на: 10/5/21 1:46 PM

(Видео) Ново винил издание на „Љубојна“

Македонската музичка сцена е збогатена со ново винил издание. Станува збор за “Стела”, новото интересно уникатно македонско винил издание, кое влегува во категоријата must have, со оригинална музика на Оливер Јосифовски во изведба на „Љубојна“.

Насловот го носи по истоимениот игран филм, а ова е втор винил на групата и прво винил издание со филмска музика на домашната сцена досега.

Носечка тема на албумот е  песната “Каранфил невесто”.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1