ММС

Објавено на: 10/5/21 12:59 PM

Со „мерцедес“ го удрил, го повредил, па се степале и завршил во болница – Сообраќајка во Неготино

Необична сообраќајка се случила во Неготино. МВР информира дека откако возач удрил во пешак и го повредил, меѓу нив настанала тепачка.

-Вчера во 19.45 часот на паркинг на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „мерцедес“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(38) од Неготино, удрило во пешакот В.А.(44) од Неготино. Веднаш потоа настанала и физичка пресметка помеѓу нив. Во несреќата В.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1