ММС

Објавено на: 10/5/21 12:50 PM

Русија возвраќа без основа – вели Заев за протерувањето на македонскиот дипломат

Неоснован е потегот на руската страна, да протера наш дипломат од Амбасадата во Москва – оцени денеска премиерот, Зоран Заев. Откако вчера руското МНР прогласи наш дипломат за „персона нон грата“, Заев денеска рече дека тоа ќе негативно ќе се одрази врз обидите за унапредување на односите меѓу двете земји.

-Одлуката на руското Министерство за надворешни работи за протерување на дипломатот кој неодамна беше делегиран во Руската федерација  претставува возврат на политичка одлука без никаков мериторен основ. За претходното протерување на рускиот дипломат од Северна Македонија беше доставен евидентиран доказ за неговото дејствување  во спротивнот со виенската конвенција за дипломатски односи. Оттука потегот на руската страна  е во целост неоснован и негативно ќе се одрази на  обидите за унапредување  на односите меѓу двете земји – истакна премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека во Амбасадата во Москва, обврските и понатаму ќе ги извршува вршителот на должност, а наскоро ќе биде упатен и новиот амбасадор акредитиран за Руската Федерација , кој ги има поминато сите чекори на упатувањето.

Тоа е веќе завршена работа, така што ќе имаме секогаш свои претставници во нашата амбасада во Руската федерација – додаде премиерот.

Откако руското МНР вчера го просласи дипломатот за „персона нон грата“ преку писмено соопштение посочи дека „мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ‘персона нон грата‘ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година”.

 

(В.Ми)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1