ММС

Објавено на: 10/5/21 9:54 AM

Во Брисел се отвори спомен соба на Есма и Стево Теодосиевски, а во Македонија музејот е хорор филм

Додека во Македонија музејот на ЕСма и Стево Теодосиевски е хорор филм, во Брисел се отвори спомен соба на Есма и Стево Теодосиевски. Симеон Атанасовски вели дека за оваа идеја го поттикнало токму тоа, незадоволството од сегашната власта која што не покажал никаков интерес за музејот на Есма и Стево Теодосиевски, кој што тие го завештија на Македонија.

-Мојата идеја немаше да стане реалност без големата подршка на на г-динот Оливиер Бони и неговата сопруга Елеонора Мустафовска. Нивната организација “ESMA- CARREFOUR DE CULTURES”, која што е главен организатор на оваа егзибиција, има во план да го презентира овој проект во повеќе градови низ Европа. Во Брисел  до 15 месецов ќе бидат изложени фотографии, неколку фустани кои што Есма ги носеше на своите концерти, накит, поледната книга на авторот Славе Катин и други нивни предмети, рече Атанасовски и додаде:

-За жал,не успеавме да сочуваме многу работи за да изложиме, но се надевам дека еден ден ќе  бидат казнети тие што безправно однесоа се што беше вредно од долгогодишната кариера на Есма и Стево Теодосиевски. Апелирам до надлежните институции, ова да биде уште еден потик да го решат судскиот спор кој што трае речиси пет години. Есма и Стево Теодосиевски заслужуваат многу повеќе затоа што се единствени уметници кои што го оставија цел свој труд на Македонија, рече Атанасовски.

Елеонора Мустафова е пејачката „Есмас бенд“ и, како што Есма ја нарекуваше, единствената ќерка. Таа рече дека премногу и значи и е многу среќна што воопшто може нешто да направи.

-Среќна сум што можам барем нешто да направам за мама Есма, затоа што таа направи многу за мене. Таа заслужува многу повеќе од ова. Креиравме организација со мојот сопруг Оливиер Бони, која се вика “ESMA- CARREFOUR DE CULTURES”, затоа што ние од премногу големо значење да се направат уште многубројни проекти, кои ќе ја опфаќаат ромската култура  и традиција, рече таа.

Оливиер Бони  со невладината организација, вели дека среќен што направил  од Есма животот и кариерата да бидат  повеќе во детали откриени, бидејќи, вели тој,  таа беше важна фигура на балканската и ромската музика. ————–Моравме да бидеме трпеливи затоа што година ипол нашите активности, нашите желби, беа во мирување. Но, сега почнува. Оваа изложба е едно место за откривање, за средби кои подржуваат размена и дијалог помеѓу заедниците, помеѓу народите. Музиката и уметноста не познаваат граници и ние сакаме изложбата да патува во други градови и земји. Исто така сакаме да ја видат и луѓето кои премногу често се сметаат за изолирани од опшеството, да го видат тоа што Есма го работеше 55 години, рече тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1