ММС

Објавено на: 10/5/21 11:39 AM

Од енергетска криза ќе се спасуваме со увоз на 800.000 тони јаглен

Зголемените берзански цени на електричната енергија на светскиот пазар ќе имаат негативно влијание врз работењето на домашните компании, но Владата најави за денеска објавување на тендер за дополнителен увоз на 800 илјади тони јаглен за производство на струја. Тие ќе бидат за потребите на РЕК Битола, односно за вклучување на третиот блок, како и за повторно активирање на ТЕЦ Осломеј деновиве. Дополнително се на располагање и капацитети за производство на струја од домашните обновливи извори на енергија. Ова го посочи премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата.

„Цената на електричната енергија на светските берзи се искачи меѓу 170 и 220 евра за мегават-час, но граѓаните и компаниите не треба да стравуваат дека ќе дојде до поскапување или до недостиг на на струја на нашиот пазар. Домашната цена за мегават-час изнесува 36 евра, а разликата во цената спрема ЕСМ веќе е покриена со буџетски средства од 1,2 милијарда денари. Ако е потребно, Владата пак ќе интервенира со средства за непречена снабденост на пазарот и за работење на компаниите“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање за проблемите на домашните компании при набавката на струја од надвор и за раскинување на некои веќе склучени договори за увоз од доставувачи во регионот. (M.T.)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1