ММС

Објавено на: 10/5/21 9:31 AM

Нада од Ибрахимовиќ за една песна добила 30.000 евра – Топчагиќ скапа како Роналдо

Нада Топчагиќ беше специјална гостинка на прославата на јубилејот, 40 -ти роденден на славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ во луксузен хотел во Милано. Како што дознава српскиот портал Курир, покрај тоа што имала можност да им ја отпее својата омилена песна „Јутро је“ на Ибра и неговите пријатели, што беше нејзина голема желба, Нада се враќа од Милано побогата за дури 30.000 евра, колку што заработила за неколку песни испеани на неговиот омилен фудбалер.

Славниот фудбалер не бил информиран за изненадувањето што му го приредиле пријателите. Тие сами ја контактирале Нада да дојде на неговата забава за да му приредат изненадување, кое таа веднаш го прифатила не ни знаејќи колку пари ќе добие за неколку минути пеење.
Пејачката  на забавата дошла во друштво на сопругот Златко Ѓорѓевиќ и иако за него било изненадување, Златан ги пречекал Нада и нејзиниот сопруг домаќински. На прославата биле поканети и бројни светски фудбалери. Пејачката не можела да одолее да сподели дел од атмосферата од забавата, па се фотографирала со сопругата и синот на Златан, а нејзиниот сопруг Златко со францускиот капетан Пол Погба, пишува срспски Курир.

Нада и Златан, исто така, размениле подароци, па Нада на славниот фудбалер му подарила портрети со неговиот лик, додека тој и го подарил дресот со неговиот потпис.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1