ММС

Објавено на: 10/5/21 8:44 AM

Сајбер безбедноста на Балканот – тема на конференција инспирирана од светските современи предизвици

Сајбер безбедноста на Балканот е насловот на онлајн конференцијата која вчера ја организираа Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе – Битола,  CyBureau, Институт за студии за сајбер политика – Израел и Високата школа за телекомуникации и пошти, Бугарија. Поводот за организирање на оваа конференција беа поголемите и разновидни сајбер-предизвици со кои се соочува современиот свет.

Со свои поздравни говори се обратија:

проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор, основач на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“

проф. д-р Ленче Петреска, ректорка на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“

проф. д-р Миглена Темелкова, ректорка на Високата школа за телекомуникации и пошти, Бугарија

проф. д-р Тал Павел, основач и директор на CyBureau, Институт за студии за сајбер политика, Израел

Александар Бајдевски, заменик-министер, Министерство за информатичко општество и администрација, Република Северна Македонија.

Модератори на конференцијата беа проф. д-р Катерина Видова, професор по англиски јазик на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Викторија Велкова од Канцеларијата за меѓународни односи при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Медиумски партнери на конференцијата се Agerpres – Романија, ММС, Канал 77 и РадиоС – Република Северна Македонија.

Конференцијата беше организирана во три панели на кои говореа:

Панел А: Cybersecurity in the Balkans – threats

д-р Димитар Богатинов – Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, Северна Македонија – „Употреба на технолошки достигнувања против сајбер закани на Балканот“

д-р Злате Димовски – професор на Факултетот за безбедност-Скопје, Универзитетот „Свети Климент Охридски“, Скопје, Северна Македонија- „Заштита на информации и злоупотреба на интернет“

д-р Дарко Трифуновиќ, основачки член и директор на Институтот за национална и меѓународна безбедност, Белград, Србија

Панел Б: Mitigations Cyber threats in the Balkans

Мартин Раков – Computer2000, N-ABLE, Бугарија – „Технологии и алатки за третирање на ублажување“

д-р Методи Хаџи Јанев-вонреден професор по право, Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, Северна Македонија-„Сајбер и хибридни закани за тековната дигитална трансформација на Балканот“

Амир Саги – координатор за сајбер безбедност, Министерство за надворешни работи, Израел – „Израелски аспекти во сајбер дипломатијата“

Панел В: Cyber Education and the Labor Market in the Balkans

Дарко Обрадовиќ – експерт за безбедност, Центар за стратешка анализа Белград, Србија

Конференцијата ја затвори проф. д-р Васко Стамевски, проректор за Меѓународни односи на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе, Република Северна Македонија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1