ММС

Објавено на: 10/4/21 10:49 AM

Од 1 декември со закон се забранува еднократна употреба на пластични пакувања од угостителските објекти во заштитените подрачја

Еднократната употреба на пластични пакувања од угостителските објкети во заштитените подрачја се забранува со закон од 1 ви декември, ваквата одлука е донесена согласно новите закони за управување со отпад.

На заедничка прес конференција на министерот за животна средина Насер Нуредини и премиерот Зоран Заев, ги презентираа предвидените новини за неколку нови закони од областа на управување со отпад. Соопштија дека од 1 ви декември стапуваат на сила забрани за употреба на пластични ќеси во трговија и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1