ММС

Објавено на: 10/4/21 9:56 AM

Заев не знае дали се почитуваат здравствените протоколи на митинзите, вели институциите треба да одговорат

Одговор на партиско прашање како што оцени премиерот Зоран Заев не сакаш да даде, со што новинарската ја препрати одговор да бара од соодветните институции. На новинарското прашање – Што прават полицијата и инспекциите за кршењето на здравствените протоколи на партиските митинзи, вклучувајќи и на митинзите од вашата партија, дали постои некој премолчан договор да се замижува периодов при што се ризикува јавното здравје, премиерот рече дека распоредот на столчињата бил според протоколите, а дополнителната гужва настанувала од граѓаните кои самоиницијативно доаѓале на граѓанските собири.

„Јас само ќе апелирам да се обратите до соодветните институции за да може да ви дадат точен одговор, затоа што овде сум претседател на Влада не би сакал за партиски работи да одговорам. Освен што ќе кажам, се гледаат распоредите на столчињата како се изместени согласно протоколите, а секако веројатно проблемот е во тоа што го предизвикуваа тдополнитело луѓе кои што доаѓаат од страните кои не ја запазуваат неопходната дистанца и целосното почитување на протоколите. Секако дека нема никакви договори, сите си ветувме дека ќе направиме се , имајќи во предвид дека работиме со граѓани кои што доаѓаат самоиницијативно на ваквите јавни собири, но сепак организаторите на митинзите ќе направиме се, за да максимално се почитуваат протоколите кои што се одлучени“, рече премиерот на деншната прес конференција.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1