ММС

Објавено на: 10/5/21 8:51 AM

Новинарски текст со коментар во насловот прашува, а не одговара зошто кандидат за градоначалник има бодигарди

Рецензираме текст под насловот „Зошто Данела Арсовска има потреба од бодигарди“, кој е спротивен на новинарските постулати за објективно и независно информирање. Текстот во самиот наслов поставува прашање за безбедноста на кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на најголемата опозициска партија во земјава, останува на прашање, а продолжува со коментар. Медиумот прашува без да понуди одговор за читателите, кои наместо информација добиваат став низ конментар по однос на ова прашање на авторот кој, при тоа останува анонимен, односно не е потпишан. Во самиот текст се вели:

„Отвореноста, непосредноста и достапноста на политичарите, се едни од главните карактеристики, кои сите политичари треба секојдневно да ги практицираат“.

Но, во овој случај самиот медум, кој инсистира на транспарентност, не е доволно отворен да наведе кој го потпишува ваквиот текст.

„Инцидентот од минатата недела со бодигардите на Данела Арсовска отвора и многу други сериозни прашања кои граѓаните мораат да ги имаат предвид кога ќе одлучат за кого да го дадат својот глас на 17 октомври“ – се наведува во текстот.

Во Прирачникот за етичко известување од избори во Северна Македонија на Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) од новинарот се бара:

„За учество на јавноста во демократските процеси на носење одлуки, нужно е таа да биде добро информирана“.

Медиумот, со објавувањето на текстот, исто така, не прави разлика меѓу вест и коментар како два сосема различни новинарски жанрови. Правењето разлика меѓу жанровите е сосема јасно наведено како принцип во Кодексот на новинари (13).

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.

Понатаму објавата го поставува прашањето зошто кандидатката има потреба од обезбедување, но не е наведена изјава или објаснување со која публиката би ја дознала причината за потребата од обезбедување. Освен тоа, непознатиот автор на текстот наведува:

„Од сите сегашни градоначалници, ниту ден не користи „бодигард“ или лично обезбедување. Зарем кандидатката Данела Арсовска се плаши од граѓаните, од оние чијшто глас го бара и сака да стане градоначалничка, па телохранители мораат да ја чуваат, се повеќе коментираат и се прашуваат политичките аналитичари, но и граѓаните“.

При тоа не е наведено кои се аналитичарите кои „прашуваат“ или „коментираат“ на дадената тема.

Со ваквиот текст, новинарот го прекршува Кодексот на новинарите, не обезбедувајќи објективни информации.

ОБСЕ ОДИХР во својот Прирачник од мониторинг на изборите препорачува:

„Во вестите треба да се обезбеди балансирано, недискриминаторно и непристрасно извест ување за кампањите“.

Дополнително медиумот којшто го пласира текстот членува во Советот за етика во медиумите на Македонија, кој пак заедно со Мисијата на ОБСЕ во Скопје имаат објавено насоки за етичко известување на онлајн медиумите. Во таквите насоки се цитира член 14 од Кодексот на новинари каде се наведува:

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“.

Со оглед на тоа дека се работи за предизборен период, текстот кој отвора прашања без одговори, е дополнително проблематичен бидејќи известува за обезбедување на кандидат за градоначалник на претстојните локални избори, но не обезбедува баланс. Всушност, самиот медиум ги прекршува принципите и етичките вредности во новинарството за кои се залага Советот на етика каде што и самиот членува.

„Тонот на новинарите при известувањето за ставовите и активностите на учесниците во кампањата треба да биде неутрален. Дозволено е коментирање, но коментарите треба да се одвојат од фактите и јасно да се означат“.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This project was funded through a U.S. Embassy grantThe opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementer/author Media plus and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementues/autore Media plus, dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1