ММС

Објавено на: 10/3/21 7:09 PM

Во Брисел пуштен во употреба првиот водороден автобус

Првиот градски автобус со водород започна со работа во Брисел на почетокот на учебната година, објави порталот „Фокус на Белгија“.

Во последниве години, градскиот превоз во Брисел користи возила кои се помалку ја загадуваат животната средина и планира да престане да користи топлински мотори во рок од десет години.

Во Брисел веќе има 37 електрични автобуси, но првиот водороден автобус се појави на улиците на белгиската престолнина од почетокот на учебната година.

Таквиот автобус има предност бидејќи со 40 килограми водород, може да помине 300 до 500 километри, а тоа е двојно поголема километража што може да ја постигне електричен автобус.

Тестовите на неколку автобуски линии ќе овозможат длабинска анализа на работата на водородните автобуси во различни климатски услови, во текот на летото и зимата.

Од безбедносна гледна точка, водородните мотори не претставуваат поголем ризик од експлозија отколку конвенционалните топлински мотори или гасни мотори.

Многу градови како Париз, Лил, Лос Анџелес или Келн ги бранат придобивките од водородот, дури и преку електрични возила, додаде Фокус на Белгија.

Преземено од: https://rs.n1info.com/
Фотографиа: N1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1