ММС

Објавено на: 10/3/21 4:39 PM

Нови 109 случаи со ковид, починати 10 лица

Изминатите 24 часа се регистрирани 190 нови КОВИД случаи, оздравеле 293 пациенти, а починале 10 лица, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Според МЗ, направени се и 2.636 тестирања.

Од новите КОВИД болни, во Скопје се 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово –  7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш  – по 1 .

Оздравеле во Скопје – 138 пациенти, Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар  – по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија  – по 1.

Меѓу починатите 10 лица, две се од Скопје ( 78г,  и 83г), а по едно од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп  (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г)  и Струга (78г). Сите починале во болнички услови.

Согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478 бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1