ММС

Објавено на: 10/3/21 2:02 PM

Нови државни рекорди на Поп Арсова и Ивановски на 17 -от Скопскиот маратон

Денес по 17-ти пат на улиците на Скопје се одржа традиционалниот Виз Ер Скопски маратон, со над 7000 учесници, од кои најголемиот дел беа домашни спортисти.

Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција со време на нови државни рекорди минаа први низ целта на Скопскиот маратон што денеска се одржа нив улиците на македонската престолнина.

Во конкуренција на околу 150 учесници во дветеконкуренции, Поп Арсова ја истрча маратонската трка во време 2:40:36 часа, додека Ивановски триумфираше со време од 2:21:27 часа.

Вторите места ги освоија Силвија Јукаила од Еквадор и Младен Стевановиќ од БиХ, додека како третопласирани завршија Билјана Кираџиева и Германецот Давид Перлич.

Во полумаратонската трка триумфираше Бугаринот Ценков со време 1:09:10 час, додека во женска конкуренција прва низ целта мина Србинката Ристиќ (1:26Ч09).

Градот Скопје обезбеди целосна логистичка и делумна финансиска помош на организаторите на маратонот. Службите и јавните претпријатија на Градот Скопје се ставија целосно на располагање на учесниците во маратонот, за непосредно пред почетокот на трката улиците да бидат чисти, безбедни и погодни за трчање.

Виз Ер Скопскиот Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1