ММС

Објавено на: 10/3/21 2:30 AM

Затворен локал во гостиварско, приведени сопственикот и пет женски лица

Сопственик на угостилески објект во гостиварско Добридол и пет странски државјанки се приведени, откако било утврдено дека во објектот не се почитуваат заштитни мерки и имало злоупотреба на престој во државава.
Според СВР Тетово, вчера вечер од  23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со ДПИ спровеле акциска контрола во угостотелски објект, сопственост на  З.Б.(47) од гостиварски Добридол.
Во локалот лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, пред влезот на Гостивар било утврдено дека во објектот не се почитувале протоколите за работа и владините мерки за справување со „ковид-19″.
Сопственикот на објектот е лишен од слобода и ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
Тој исто така, се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал, наведуваат од СВР Тетово.
При контролата во објектот биле затекнати и пет странски државјанки, танчерки, од кои три од Република Албанија и две од Република Косово, на возраст од 26 до 45 години, кои го злоупоттебиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.
МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1