ММС

Објавено на: 10/3/21 11:49 AM

17 годишник починал откако возило во кое бил сопатник излетало од патот Охрид – Кичево

На магистралниот пат Охрид – Кичево вчера се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубило 17 годишник кој што бил сопатник во возилото.

Како што стои во полицискиот билтен  вчера во 03,00 часот кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од с.Лешани, општина Дебарца излетало од патот. Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од с.Мешеишта, општина Дебарца од здобиените повреди починал на лице место.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1