ММС

Објавено на: 10/3/21 11:41 AM

Од среда барајте ги јакните, облачно и студено со температури под просекот

Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра, а од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1