ММС

Објавено на: 10/3/21 8:51 AM

Сонце со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 24 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека до вторник ќе се задржи претежно сончево време со студени утра и пораст на дневната температура. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1