ММС

Објавено на: 10/2/21 7:31 PM

Светската јавност и’ се восхитува: Златокоса Русинка ја нема шишано косата 23 години

Анѓелика Баранова од Русија по професи е медицинска сестра, а во слободно време работи како модел за коса. Поради долгата коса која и’ ги допира стопалата, оваа девојка  го привлекува вниманието на светската јавност. Убавата Русинка тврди дека не ја шишала косата од својата петта година, односно веќе 23 години низ нејзината коса немаат поминато ножици.

@angelika_1m

#волос

♬ Can’t Take My Eyes off You – Craymer & AIIVAWN

На изненадување на многумина, дваесет и осумгодишната девојка тврди дека одржувањето на косата не и’ претставува проблем. Ја мие два пати неделно и задолжително остава да се исуши на природен начин. Сепак, признава дека сушењето ја исцрпува, бидејќи се потребни повеќе од три часа за косата да биде целосно сува.

„Не постои посебна причина поради која се имам одлучена да ја пуштам косата, само почувствував потреба никогаш веќе да не шишам“, изјави Анѓелика. Оваа современа златокоса користи посебен чешел за расчешлување, бидејќи поради должината косата се масти. И покрај „проблемите“ кои има со косата, Анѓелика вели дека никогаш нема да ја шиша, бидејќи не само таа, туку и нејзиното семејство емотивно е врзано за неа.

@angelika_1m

♬ оригинальный звук – Лера💜Даня

„Моите сакани, баш како и јас, ја обожуваат мојата коса и се согласуваат со тоа дек аникогаш не би требало да ја шишам“, додава таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1