ММС

Објавено на: 10/2/21 6:33 PM

Спортски игри за основци и средношколци со попреченост во Охрид

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука, викендов во СОСУ „Св. Кирил и Методиј” во Охрид се одржуваат Спортски игри за ученици со посебни потреби од основното и средното образование.

Игрите се организирани во насока на континуриано унапредување на образованието и овозможување инклузија на децата со посебни потреби. Пораката од активноста во Охрид е дека животот е многу полесен кога не постојат различности.

Инаку, учениците кои се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини ги посети и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, македонската ракометна звезда што дополнително ги мотивира младите натпреварувачи да го покажат најдоброто и да постигнат успех на игрите.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1